Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Каранфилова-Пановска: Секогаш е полесно да коментирате од страна, решив да преземам одговорност

Новата заменик-претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска во емисијата „Клик-плус“ на ТВ21 изјави дека го прифатила предизвикот да влезе во политиката бидејќи чувствувала обврската пред самата себе, пред граѓаните и државата за да се ангажира и да биде дел од процесите доколку сака нешто да промени.

„Секогаш е полесно да стоите настрана и да коментирате, отколку да преземете одговорност“ потенцираше Каранфилова-Пановска.

Таа додаде дека целиот досегашен нејзин ангажман е во граѓанското општество и потенцираше дека процесите и работите со кои се занимава граѓанското општество се доста слични на тие на политичките партии, со разлика што тие не одат на избори за да ја освојат власта.

„Делокругот на работа, проблемите и општествените предизвици ги третираат и едните и други преку слични призми“ рече Каранфилова-Пановска.

Зачлени се на нашиот е-билтен