Уапсен „дрскиот“ сериски крадец од околината на Железничката станица

Полициските службеници вчера во 06:15 часот во село Кучевиште, скопско, го уапсија 26-годишниот Д.П. од истото село.

Осомничениот се поврзува со повеќе кривични дела, меѓу кои „разбојништво“ и „тешка кражба“, извршени на дрзок начин во околината на Транспортниот центар во Скопје во текот на 2024 година. За неговите дејствија активно се дискутираше на социјалните мрежи.

По приведувањето, Д.П. бил задржан во Полициската станица Аеродром. Во координација со јавен обвинител, против него е поднесена кривична пријава по брза постапка.

Судија на претходна постапка му определил мерка притвор од 30 дена, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за издржување на мерката.

Зачлени се на нашиот е-билтен