Нов член на Судскиот совет е сопругата на градоначалникот од Општина Радовиш, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ацо Ристов. Изборот на Данка Ристова за членка на Советот е брутална партизација на судсвото.
„Ова се партиски инсталации во судството како во време на режимот. Истото тоа што го правеше ДПМНЕ порано се прави и сега. Чист обид за поставување на контролирано, партиско судство кое нема да служи на граѓаните, туку на нивните интереси. ВМРО-ДПМНЕ е партија која секогаш кога е на власт имала една единствена цел, ставање на судството по контрола и сега тоа го докажува на дело. Наместо реформи гледаме бртална партизација на судството, би рекла дури и окупација од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ ги отфрлаат, обвинувањата на СДСМ дека изборот на судијката Ристова од Апелацискиот суд од Штип, за нов член на Судскиот совет од редот на судиите, е партиски. Според владејачката партија од Белата палата изборот бил направен согласно законските процедури.
Судиите Аритон Ала од Апелацискиот суд Скопје и Данка Ристова од Апелацискиот суд Штип беа избрани за нови членови на Судскиот совет по изборите кои вчера се одвиваа во изборните места во сите судови ширум земјава.