Предупредување за измамнички пораки по електронска пошта

измамнички пораки

Комерцијална банка предупредува дека е забележана измамничка кампања со испраќање пораки по електронска пошта, при што испраќачот лажно се претставува во име на Банката.

Во пораките се испраќа лажно известување за недостапност на функции на платежната сметка, кое содржи линкови и повик за ажурирање податоци.

Апелираме да не се клика на линковите, нагласуваат од Комерцијална банка, да не се внесуваат лични податоци, кориснички имиња и лозинки, броеви од платежни картички, ПИН-ови и други сензитивни податоци за да несе изложите на ризик од неовластен пристап до сензитивни податоци и/или инсталација на злонамерен софтвер на вашиот уред.  

Доколку добиете ваква порака, веднаш избришете ја!  

Ваквите измами најчесто се овозможени поради недоволно применети безбедносни механизми во системите за електронска пошта кај одделни корисници и организации. Во рамки на своите ингеренции, Банката презема активности и укажува до e-mail провајдерите за примена на проверки на автентичноста на електронските пораки и на испраќачите.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?