АХВ: Уништени два тона небезбедна храна од тобако во Скопје

По иницијатива од граѓани, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонредна инспекциска контрола во киосци (тобако) во Скопје. При контролата, пронајдени се 1920 килограми небезбедна храна со поминат рок.

АХВ издаде решение за уништување на храната, а операторот кој стопанисува со киосците доби парична казна.

Во друг случај, во Битола, инспекциските служби уништија 241 килограм небезбедна храна. За прекршокот, операторот доби казна од 600 евра, а одговорното лице 300 евра.

Во Охрид, при редовен надзор, казнет е маркет за пуштање во промет небезбедни производи без декларација и со поминат рок. Казната изнесува 1400 евра (1000 евра за правното и 400 евра за одговорното лице).

АХВ потсети дека операторите со храна мора да ги почитуваат задолжителните здравствени прегледи за вработените, бидејќи за непочитување се изрекуваат дополнителни казни.

Најчитано