Универзитетскиот професор Ванчо Узунов, за Рацин.мк истакнува дека економскиот раст во Северна Македонија за третиот квартал на 2024 година не може да се припише на Владата, туку на личната потрошувачка.
„Кога личната потрошувачка е причина за економски раст, тоа е недоржливо на подолг рок. За сериозен раст се потребни инвестиции и раст на извозот“, објаснува Узунов.
Тој го критикува и најавениот унгарски кредит, нагласувајќи дека неговата реализација ќе се чека до следната година, што според него има за цел „купање време до локалните избори“.
За Владините новогодишни и божиќни кошнички, Узунов додава: „Тие се дел од предизборна кампања за да граѓаните мислат дека се „честени“, а всушност тоа нема никаков ефект.“
Во однос на одлуката на премиерот Христијан Мицкоски да ги остави работодавачите и синдикатите да преговараат сами за минималната плата, Узунов истакнува: „Премиерот зема плата за да решава проблеми, а не да се дистанцира. Без инволвираност на власта, тешко може да се реши зголемувањето на минималната плата“.
Инаку акцијата почнува од 15 декември, тоа е за два дена, а опфаќа над 800 продукти, но и граѓаните и економистите се жалат дека храната е веќе сериозно поскапена.
С.Т.