Јавноста бара одговори до каде е изградбата на когенеративната централа што ја вети Мицкоски

Неодамна премиерот Христијан Мицкоски, најави дека проблемот со загадениот воздух ќе го решава со инвестиција тешка околу една милијарда евра за изградба на когенеративна централа.

Тогаш, премиерот, кратко информираше дека Владата се сретнала со потенцијалните инвеститори, без да каже за кого станува збор. Од тогаш молк во Владата на Мицкоски, за оваа инвестиција.

Од СДСМ велат, дека ‘ниту најавената гасна конгенеративна централа и ветената инвестиција од 1 милијарда евра ја нема во предложениот буџет’.

„За власта на Мицкоски поважно е луксузирањето, па затоа во Буџетот има повеќе пари за мебел, за возила, за стоки и услуги. Со ова, власта на ДПМНЕ покажува дека не само што нема стратегија за борба против загадувањето, туку и нема волја да го подобри квалитетот на воздухот“, предупредуваа од СДСМ.

Во Буџетот за 2025 година кој владејачкото мнозинство го изгласа, парите за заштита на животната средина се намалени за цели 25%, парите за квалитет на воздух се намалени за 51% а парите за развој на енергетиката се намалени за 41%. Парите за гасификација речиси се преполовени, додека за енергетска трансформација, која е неопходна за намалување на загадувањето, нема ништо предвидено.

Според, УНИЦЕФ, во Македонија, смртните случаи на новороденчиња кои се поврзани со загадениот воздух сочинуваат 11,6 отсто или 1 од 9 смртни случаи на деца на возраст до една година“.

Зачлени се на нашиот е-билтен