Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Станаа ли судиите безгласни? Ги нема да „гукнат“ за последното назначување на судијка, сопруга на сопартиец на Мицкоски

Од опозициската СДСМ обвинуваат дека претседателот на ДПМНЕ, Христијан Мицкоски спроведува брутална партизација и окупација на судството.

“Додека јавно се врши притисок врз Судскиот совет, избран е првиот судија од тефтерчето на Мицкоски. Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ е назначена за член на Судскиот совет. Тоа е уште една потврда дека целта на власта е потполна контрола врз судството и ништо друго. Наместо независни институции кои ќе судат по словото на законот, се враќа „Сваровски судство“ кое ќе биде продолжена рака на Мицкоски и неговата партија“, рече денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кусевска.

Таа обвини дека ВМРО-ДПМНЕ се обидува да создаде партиски контролиран судски систем кој ќе служи како нивна алатка за политички прогон и заштита на криминалот во редовите на власта и дека ‘ва е истиот рецепт од времето на Груевски, кога судиите беа алатки на режимот, а правдата беше глува за граѓаните’.

На ваквите обвинувања, од ВМРО-ДПМНЕ, велат СДСМ и ДУИ се мешале во судските одлуки.

„СДСМ нема кредибилитет да зборува за независноста на судството. Во текот на седумгодишното владеење со ДУИ, тие поставуваа судии и јавни обвинители по партиска линија“,  велат од ВМРО-ДПMНE.

Неодамна данка Ристова, споругата на актуелниот градоначалник на Радовиш кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за нов член на Судскиот Совет. Таа доаѓа на местото на Лорета Ѓорѓиева на која и истече мандатот. 

На ваквиот избор од СДСМ обвинија дека ВМРО-ДПМНЕ сака да биде и судија и егзекутор, да дели партиска наместо законска правда.

„СДСМ со месеци предупредува дека ова не е изолиран случај, туку јасна стратегија на премиерот Христијан Мицкоски и неговата партија. Судиите да бидат само пиони кои ќе носат одлуки според партиски директиви. Партизација на судството е директен напад врз демократијата и владеењето на правото. Особено што се случува паралелно со партизација на безбедносните агенции, независните регулаторни тела и други институции“, велат од СДСМ.

Со пар

Демократската унија за интеграции во денешното партиско соопштение побараа од Владата да престане да користи антикорупциска пропаганда за партиски цели, додека пак од „Вреди“ одговорија дека зад ова барање се кријат финансиски интереси на кланот на политички олигарси на кои им доаѓа моментот за да одговараат

Ветингот на сите политичари во последните триесетина години и расчистување со приватизацијата е единствената гаранција за владеење на правото, соопштија денеска од опозициската Демократска унија за интеграции (ДУИ). Оттаму велат дека Владата веднаш треба да престане со користење на антикорупциска пропаганда за партиски цели и за прикривање на неуспесите кога станува збор за европската интеграција на земјата и последните случаи со кои се влошиле меѓуетничките односи во земјата.

„Наместо да продолжи со ваков пристап на манипулации и селективна правда, бараме Владата без одложување да започне непристрасен и сеопфатен процес на ветинг за да се испита изворот на богатството на политичарите во последните 30 години и начинот на кој се спроведени процесите на приватизација“,се вели во соопштението на ДУИ.

Оттаму велат и дека ова е единствениот начин за да се врати довербата кај граѓаните и да се изгради стабилен правен поредок, но и дека доколку тоа не се направи, ќе продолжи создавањето на политичка поларизација и етнички поделби кои ги поткопуваат темелите на општеството.

„Историјата покажа дека секој обид за користење на антикорупцијата како алатка за политички реваншизам и прикривање на скандалите ќе се врати како бумеранг и ќе ги погоди токму оние кои ја поттикнуваат. Владата не може да тврди дека гради правичност користејќи неправедни тактики и манипулации кои само ги продлабочуваат поделбите во општеството“велат од ДУИ.

Одговор на соопштението експресно пристигна од коалицијата „Вреди“ која е дел од владејачкото мнозинство. Оттаму велат дека поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби веќе и направил ветинг на неговата партија со тоа што беше ставен на црната листа на стратешкиот партнер на земјава – Соединетите Американски Држави.

Дополнително, велат дека коалицијата „Вреди“ веќе подолго време предупредува дека ДУИ е заробена од криминална структура, на чело со лидерот на партијата Али Ахмети и Артан Груби кои ги извршувал сите наредби на претседателот.

„Прашањето што го поставивме е јасно: уште колку пораки треба да дадат САД за оваа партија да разбере дека има итна потреба од длабоки програмски и кадровски реформи?“,

Зачлени се на нашиот е-билтен