Муцунски веќе му пресуди на Фрчковски, го обвини за злоуптреба на јавни буџетски средства

„За поранешниот амбасадор Љубомир Фрчкоски имаме сериозни индиции за злоупотреба на јавни буџетски средства. Индициите укажуваат дека штетата е шест цифри во евра. Не би можел конкретно да кажам колкава е во моментов, давам одредени информации кои смеам да ги споделам во оваа фаза, зашто тече процедурата“, рече министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Тој информираше дека била спроведена внатрешна постапка во МНР.

„Инфрмациите кои стигнаа до мене се навистина многу загрижувачки. Ние ќе ги преземеме сите неопходни мерки, а понатаму ќе имаме обврска, да ги информираме релевантни институции од правосудството, но што ќе преземат тие излегува од наша надлежност и преминува во нивна надлежност, рече денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија“, рече Муцунски. 

Одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во МНР, Муцунски напомена дека вакви ситауции не смеат да се повторуваат и најави максимално почитување на Законот за надворешни работи.

„Треба да му биде секому јасно дека од тоа што го видов сум загрижен, а се изразувам многу дипломатски кога велам. Вакви состојби не смеат да се повторуваат, посебно кога индициите укажуваат дека штетата е во шест цифри во евра. Не би можел конкретно да кажам колкава е во моментов, давам одредени информации кои смеам да ги споделам во оваа фаза, зашто тече процедурата. Беше спомнат и терминот тужба, и другата страна ќе има право да приложи свои аргументи и докази. Тоа што го видов е за одредени ноторни состојби, ноторни факти, но секој има право да ги даде своите аргументи, рече Муцунски на прес-конференција.

Зачлени се на нашиот е-билтен