Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Охриѓанка остана без 300.000 денари – Измамена со криптовалути

На 13 декември, 53-годишна жена од Охрид пријавила дека е измамена за 300.000 денари преку телефонски повик од непознато лице кое ѝ ветило добивка од 16.500 долари од претходна инвестиција во биткоин. Жртвата била убедена да инсталира мобилна апликација и да има средства на својата трансакциска сметка како услов за подигнување на парите.

Жената подигнала кредит од финансиско друштво, но средствата биле префрлени на туѓа сметка. Откако сфатила дека е измамена, го пријавила случајот во СВР Охрид.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и ги предупредува граѓаните да бидат внимателни со сомнителни повици и апликации кои бараат пристап до нивните финансиски податоци.

Зачлени се на нашиот е-билтен