Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Полициски претреси во домовите на Артан Груби и Прпарим Бајрами

Во утринските часови започнаа полициски претреси на неколку локации поради сомнежи за организиран криминал во Државната лотарија. Претреси се извршени во домовите на поранешниот вицепремиер Артан Груби и на поранешниот директор на Лотарија, Прпарим Бајрами. И двајцата не биле присутни во своите домови во моментот на претресите.

Во домот на Бајрами полицијата запленила готовина од околу 50.000 швајцарски франци. Според медиумските извештаи, постојат сомнежи дека Бајрами се наоѓа во Косово веќе неколку месеци, додека Груби изјави дека вчера патувал за приватна посета и нема побегнато од земјата. Тој го потврдил патувањето на својот профил на социјалните мрежи и изјавил дека за обавезите кои ги има на патувањето е информирано неговото полициско обезбедување.

Министерството за внатрешни работи (МВР) засега не објавило официјални информации, но се очекува издавање на потерници за двата поранешни функционери.

Зачлени се на нашиот е-билтен