Експозитура на Комерцијална банка во Чаир беше цел на вооружено разбојништво што се случи денеска на улицата Цветан Димов, објави 24 инфо. Според првичните информации, крадците, вооружени со огнено оружје, влегле во банката и одзеле засега непозната сума пари.
Настанот, кој се случи среде бел ден, предизвика вознемиреност кај локалното население. Полицијата веднаш излезе на терен и започна со истрага за расветлување на случајот. Повеќе детали за грабежот се очекуваат во текот на денот.