„Смртта на уште едно невино дете на Универзитетската детска клиника е трагедија која не може да се игнорира.
Ова е петти пат да слушаме за загуба на млад живот, во рок од два месеци, додека здравствениот систем е оставен на автопилот, а министерот за здравство се занимава со партиски агенди.
Од едно интервју до друго, министерот повеќе е по партиски игри отколку во министерство, додека нашите најблиски ја плаќаат цената на неспособноста и негрижата.
Ова ги премина сите граници на она што е хумано и прифатливо.
Во име на одговорност кон граѓаните бараме итна оставка од директорот на Клиниката и министерот за здравство.
Невидената неодговорност и неспособност ги чинат животите на нашите најмили деца. Ова е аларм кој повеќе не може да се игнорира“ – велат од ДУИ.