Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Меџити/Мицкоски: Законот за правична застапеност на крајот или на почетокот на новата година!!??

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска нагласи дека до почетокот на новата година во парламентарна процедура ќе биде законот за правична застапеност.

-На крајот или почетокот на новата година во парламентарна процедура ќе биде законот за правична застапеност. На добар пат сме да го затвориме ова прашање. Во Владата се договоривме дека механизмот што беше укинат во Уставниот суд без наша вина, бидејќи овој суд не е избран од ова парламентарно мнозинство и се договоривме да го унапредиме оваа прашање. Значи, механизмот да го замениме со посебен закон за соодветна и квалитативна застапеност во државната и јавната администрација, рече Меџити во гостување на емисијата „Дејли клик“ на ТВ 21.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера при телевизиско гостување нагласи дека работните групи работат на изготвувањето на закон за правична застапеност кој, како што рече, за бргу се очекува да се најде пред пратениците.

Зачлени се на нашиот е-билтен