Поранешниот бугарски премиер и лидер партијата ГЕРБ, Бојко Борисов изјави дека вчера разговарал со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта за состојбата на државата на меѓународен план, но и за случувањата во врска со соседна Република Северна Македонија, пренесе БТА.
Мораме да формираме влада и да застанеме многу цврсто на својот став, изјави Борисов пред новинарите во бугарскиот парламентот.
Од разговорот (со Кошта) разбрав дека во текот на овие години имаше многу процеси за Северна Македонија во Брисел, во нашите партнерски земји во НАТО, без учество на Бугарија, и се изгуби многу време. Едноставно бев изненаден од објаснувањата што требаше да ги дадам.
– Јас сум оптимист бидејќи она што го гледам на меѓународен план не обврзува како држава и како народ да формираме редовна влада, рече Борисов.
-Влијанието на Србија, Грција и Турција е огромно. Унгарија сè помоќно е вклучена во овој процес, а ние како лидери на Балканот сега само ги набљудуваме процесите и не не чека ништо добро. Бугарија може и треба да се врати и да застане таму каде што беше пред четири години, рече Борисов.