Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лавров разговарал со швајцарскиот министер за надворешни работи за ситуацијата во Украина

Швајцарскиот министер за надворешни работи Игњасио Касис имал телефонски разговор со неговиот руски колега Сергеј Лавров, потврди руското министерство.

Ова е редок пример на директен контакт помеѓу висок руски функционер со негов западен колега по руската инвазија на Украина во 2022 година.

„Двете страни разменија мислења за конфликтот во Украина. Министерот детално ја објасни руската позиција за решавање на ситуацијата“, се наведува во соопштението на руското министерство.

Двајцата разговарале и за ситуацијата во ОБСЕ, а Лавров го повторил ставот дека проширувањето на НАТО кон исток е неприфатливо, нарекувајќи го „еден од длабоките причини за тековната ситуација“.

Односите помеѓу Русија и Швајцарија се значително влошени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Швајцарија воведе санкции кон Русија и организираше два мировни самита, на кои Русија не учествуваше.

Зачлени се на нашиот е-билтен