Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Нешнл џиографик“ го прогласи грчкиот остров Самос за „најнеочекуваната дестинација за 2025 година“

Грчкиот остров Самос е прогласен од „Нешнл џиографик“ за „најнеочекуваната дестинација за 2025 година“. Островот се истакнува со својата природна убавина, богата историја и спектакуларни антички споменици, комбинирани со неспоредлива вегетација и водопади, што го прави уникатен. Сместен во Северното Егејско Море, Самос се спротивставува на масовниот туризам и ја задржува својата автентичност.

„Нешнл џиографик“ особено го истакнува Вати, со калдрмираните улици, неокласичните куќи и античкиот град, како и Питагорион, кој го очарува со својата убавина и вековна историја. Патниците не смеат да го пропуштат Археолошкиот музеј, во кој се изложени импресивните статуи Курос, тунелот Еупалинос, кој е инженерско чудо, како и Манастирот Мегали Панагија, познат по своите прекрасни фрески.

За авантуристите, планината Керкис, втората највисока планина во Егејот, нуди извонредни можности за истражување на изворите, малите цркви и пештерите, како што е пештерата Питагора. Карловаси на западен Самос исто така се истакнува со своите живописни катчиња, пристаништето и прекрасните зајдисонца.

За да ја промовира оваа дестинација во странство, општините на Источен и Западен Самос работат на создавање услови за промоција на пазарите во Германија, Италија, Швајцарија, Скандинавија и Турција, според информациите на ПротоТема.

Зачлени се на нашиот е-билтен