Неколку лица се убиени во Цетиње од истрели од огнено оружје по физичка пресметка во ресторан, објавија црногорските медиуми.
Според непотврдените информации, полицијата трага по осомничениот А.М од Цетиње.
Според информациите на „Вијести“ од Управата на полицијата, повеќекратното убиство се случило попладнето во градот Бајице во угостителски објект кога А.М. со употреба на огнено оружје им ги одзеде животите на неколку лица.
Веста беше соопштена дека најпрвин дошло до тепачка во кафеана на периферијата на главниот град, по што бараниот извадил оружје и пукал.
Полициската управа упати апел до граѓаните на Цетиње да останат присебни и да останат во своите станбени објекти, додека сите расположливи полициски единици се на терен и преземаат активности од нивна надлежност за ставање на ситуацијата под контрола и кривично гонење на сторителите.
„Ја информираме јавноста дека се работи за настан, кој не е резултат на разбивање на високоризични организирани криминални групи. За разрешување на оваа кризна состојба на терен се испратени специјални полициски единици“, се вели во полициското соопштение.