Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Бугарија се зголемува бројот на компании со руско учество

Бројот на компании со над 40% руско учество во Бугарија значително порасна во последните месеци, покажува извештај од тамошното Министерството за правда, подготвен на барање на пратеникот Мартин Димитров од коалицијата „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“, пренесува „Сега“.

На почетокот на јануари, во Бугарија биле регистрирани речиси 13.000 компании со значително руско учество. Овој раст се случува и покрај фактот што Русија ја прогласи Бугарија за „непријателска земја“ поради нејзината осуда на руската агресија врз Украина.

За споредба, во септември минатата година, привремената министерка за правда, Марија Павлова, објави дека бројот на вакви компании изнесувал околу 12.000, што значи дека за само четири месеци се додадени околу 1.000 нови компании.

Според податоците од агенцијата Moody’s, во Европската унија постојат 46.000 компании во кои над 40% се во сопственост на руски компании или поединци. Интересно е што секоја петта од овие компании е лоцирана во Бугарија.

Овој раст отвора прашања за економското и политичкото влијание на руските интереси во регионот, особено во контекст на тековните геополитички тензии.

Зачлени се на нашиот е-билтен