Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Гоце Трајковски, побегнатиот сведок во случајот на Вања, сам се пријавил во полиција

Гоце Трајковски, лицето кое е осомничено за подметнување пожар во кафуле во Кисела Вода, а воедно е и сведок во предметот за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска, се предаде на полицијата, дознава „Скопје1“ од свои извори. Тој пред краток период, сам отишол во ПС Кисела Вода, а откако по него беше распишана потерница.

Трајковски е сведокот кој водел истрага со таткото на Вања и заедно трагале по неа. Собирале и прегледувале снимки. Требаше да се појави на судењето на 15 ноември, но неговата мајка Кираца Трајковска која исто така беше сведок, кажа дека тој имал здравствени проблеми. Подоцна се дозна од Обвинителството, дека тој има и својство на осомничен за подметнување на пожар, бидејќи според податоците оттаму, на 13 ноември со уште три лица, запалиле кафуле кое било лоцирано во зграда во Кисела Вода.

Зачлени се на нашиот е-билтен