Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мајмуните во ЗОО паркот во Штип се греат на клима

Живеалиштата им се послани со слама, вклучен е и клима уред доколку е потребно, пообемна и покалорична исхрана. Раководителот на ЗОО паркот во Штип Драган Стефановски вели дека на овој начин се грижат за да ги надминат екстремно ниските температури.

Тој изјави дека поголем дел од животните се навикнати и прилагодени на ниски дневни и вечерни температури, па нивните живеалишта се послани и со повеќе слама. На тој начин се создава дополнителна топлина и можност соодветно да преживеат на ниски температури.

-За животните живеалиштата ги полниме со слама за да можат да преживеат во зимски услови, храната им е со зголемен обем и покалорична. Животните кои имаат потреба од загревање, просториите им се загреваат, вели Стефановски.

За разлика од најголем дел од животните во ЗОО паркот во Штип, мајмуните се греат на клима. Тие се меѓу ретките кои не се прилагодени на екстремно ниските температури и затоа потребно е за нив дополнително затоплување. Истовремено се носи покалорична храна како пченка, концетрат и слично.

-Вијаните се единствени животни кои се греат на клима. Покалорична исхрана значи пченка, сточен концентрат и слично, рече Стефановски.

Тој истакна дека ЗОО паркот Бриони и во текот на зимата преставува вистинска атракција за посетителите. Особено за време на викендите бројот на посетители е зголемен. Радува фактот што зимава ја преживеаја сите животни во овој парк. Располага со голем број домашни животни, птици и слично, а тенденција е оваа бројка во иднина да расте, да се донесат нови и интересни животни со што би се зголемил и интересот за посета.

Зачлени се на нашиот е-билтен