Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маглата на скопскиот аеродром не дозволи да слетаат авиони од Турција, Полска и Германија

Поради магла е отежнат авиосообраќајот на Скопскиот аеродром.Според информацијата на сајтот на Меѓународниот аеродром Скопје, дел од летовите се откажани или пренасочени.Според последните информации од веб страницата на Скопскиот аеродром вечерва, откажан е летот од Истанбул, додека летот од Цирих е пренасочен.

Попладнево, според информациите од сајтот, по 16 часот не слетал авионот на „Сан експрес“ од Анталија, како и авионите на „Визер“ од Меминген и Баден Баден. Авионот на „Лот“ од Варшава исто така не успеал да слета на Скопскиот аеродром и се вратил назад кон Полска. 

Зачлени се на нашиот е-билтен