Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави за РТРС дека многу невладини организации, медиуми и новинари се финансирани од САД преку УСАИД и дека е неопходно во Република Српска да се регулира финансирањето на таквите организации, кои во последниот период добија околу 400 милиони долари во Босна и Херцеговина.
„САД, преку амбасадори како Мајкл Марфи, го финансираа распадот на Босна и Херцеговина и мислам дека тоа го направија успешно. Босна и Херцеговина нема шанси да преживее“, рече Додик.
Претседателот на Република Српска коментира и дека нетранспарентното и штетно трошење на средствата на американските граѓани го препознал и претседателот Доналд Трамп, кој го укина финансирањето на невладините организации и секоја друга финансиска помош за земјите од сите континенти.
Тој изјави дека дури и најблиските соработници на американскиот претседател Доналд Трамп, како Илон Маск, оцениле дека УСАИД е фашистичка организација која обезбедува средства низ светот.
„Во текот на изминатите неколку години и дадоа 400 милиони долари на Босна и Херцеговина. Тоа се подземни операции и тоа не е видливо. Ќе беше видливо да одеа толку пари во Германија, а не кај нас. Ова беше поддршка за невладините организации, медиумите и новинарите кои се продадоа“, рече Додик, пренесува РТРС.