Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Досега на Санторини се регистрирани 7 700 земјотреси, експертите и натаму не веруваат во катаклизма од минатото

ЕПА

Серијата земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос продолжи и во текот на ноќта, меѓутоа со помал број потреси од над четири степени според Рихтер, иако утрово беа регистрирани два последователни со јачина од 4,2 и 4,8 степени.

Претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) Ефтимиос Лекас говорејќи за грчката државна телевизија ЕРТ рече дека е мала веројатноста да се исполни сценариото за земјотрес со јачина од 6 степени, а паралелно ги повика граѓаните да им веруваат само на официјалните научни изјави, бидејќи како што посочи „на интернет се објавуваат невидени работи“.

Според податоците од Интердисциплинарен комитет за управување со опасности и кризи при Атинскиот Универзитет од почетокот на серијата земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, односно од 26 јануари заклучно со 4 февруари, биле регистрирани над 7.7000 земјотреси.

Зачлени се на нашиот е-билтен