Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Закон за ограничување на патните трошоци предлага Левица и бара собраниска подршка

Закон за ограничување на патните трошоци задутре, на 12 февруари, ќе биде ставен на Дневен ред на собраниската седница и по тој повод од Левица повикуваат подршка на Законот од сите партии.

„Ги повикуваме сите пратеници кои тврдат дека работат во интерес на граѓаните, да застанат зад оваа мерка, да го поддржат Предлог – законот за ограничување на патните трошоци и да стават крај на грабежот! Законот предложен од Левица е со методологија за пресметка на надоместокот за патни трошоци – ограничен на реалната потрошувачка од 6,5 литри гориво на 100 километри.

Реалноста е дека во изминатите четиринаесет години со тие шест и пол милиони евра народни пари, можеше да се изгради целосно нова болница, да се обноват сите студентски домови во земјава или да се изградат 10 нови градинки.

Зачлени се на нашиот е-билтен