Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кржаловски: Ситуацијата со УСАИД ќе има влијание, но нема да го уништи граѓанскиот сектор

Фотографии: Дарко Андоновски за Республика. еду.мк
Фотографии: Дарко Андоновски за Республика. еду.мк

„Ситуацијата со средствата од УСАИД ќе има влијание, но тие, иако големи (околу 30 милиони долари годишно), се околу 20 проценти од вкупните годишни приходи на граѓанските организации, па тоа влијание нема да е пресудно за понатамошното нивно функционирање. Освен можеби на некои кои се целосно зависни од тие средства, вели во интервју за академскиот блог Республика.еду.мк, Александар Кржаловски, извршен директор на МЦМС, една од најголемите граѓански организации во земјата со широк спектар активности.

На прашањето дали граѓанскиот сектор има капацитети да се одржи во таа мера како до сега, доколку останат на сила американските рестрикции, Кржаловски посочува дека граѓанскиот сектор ќе опстои.

„Сѐ додека има граѓани– ќе има интереси кои треба да се застапуваат и ќе има поединци кои ќе се здружуваат и организираат за да ги остварат. Исто така, ќе опстои во оваа форма и наредниот период, иако треба да граѓанските организации да посветат внимание на диверзифицирање на изворите на финансирање, со поголемо свртување директно кон граѓаните со индивидуална филантропија, укажува Кржаловски.

Кржаловски објаснува дека сѐ уште не е докрај јасно што точно ќе значи таа наредба на претседателот Трамп и колкав ефект ќе има во Македонија и дека ќе треба да се почека да изминат предвидените три месеци за оценка на активните програми, па да се види што ќе опстои, а што ќе биде прекинато.

„Во секој случај, за очекување е дека ќе има „удар“ за неколку организации (или групи, типови на организации), но како што наведов погоре, веројатното влијание на целиот сектор ќе биде само околу 10 проценти од минатогодишното ниво на приходи, па може да се оцени дека нема да биде „уништувачко“ влијание, па дури ни многу значително. Но секако ќе се почувствува и ќе ја зајакне потребата за поодржливи извори на финансирање за кои зборував претходно – од други донатори, од Владата, од корпоративниот сектор, бизнисите и пред сѐ – од граѓаните“, вели во интервју за академскиот блог Республика.еду.мк, Александар Кржаловски, извршен директор на МЦМС.

Зачлени се на нашиот е-билтен