Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски: Оваа минимална кошничка не е „минимална“!

Прашан зошто реагира за методологијата за минималната потрошувачка кошничка, премиерот Мицкоски одговори дека потрошувачката кошничка за првпат е воведена во 2010 година, кога Владата  ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ.

Што се однесува за промената на новата методологија од декември 2023 година ние не сме ја имале на увид, откако ја добивме на увид разговаравме најпрвин со синдикатите. Разговаравме со синдикатите и кога ќе забележите внатре кои производи се вклучени, тогаш навистина се збунувате. Збунувачки делува, бидејќи дел од производите граѓаните не ги користат или не ги користат во тој обем – рече Мицкоски.

Тој посочи дека не знаае колкава ќе биде реалната потрошувачка кошница.

– Можеби ќе биде поголема, односно цените ќе бидат повисоки, нема да бидат пониски. Но, навистина да создадеме таква потрошувачка кошничка, минимална зборам, којашто навистина ја користат граѓаните, бидејќи оваа мислам дека не е минимална потрошувачка кошничка – додаде Мицкоски.

Зачлени се на нашиот е-билтен