Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Спасовски: Големи се лицемерието и двојните аршини на ВМРО-ДПМНЕ во случајот со пратеникот Сергеј Попов

Според координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на ДПМНЕ со само осум месеци на власт му се случиле настани за кои не може да даде ‘ниту еден соодветен одговор ниту, пак, едно соодветно решение’.

Спасовски го критикуваше, како што рече, лицемерието и двојните аршини на ВМРО-ДПМНЕ, во случајот со пратеникот Сергеј Попов кој исто така возел без дозвола и направил сообраќајка.

„Кога од една страна слушате дека не се презеле тогаш мерки, од страна на судот, а од друга страна сте селективни кога се докажа дека, претседателот на Унијата на млади сили на ДПМНЕ, Сергеј Попов исто така возел без дозвола и под дејство на алкохол, значи не може да има двојни аршини“, рече Спасовски.

Во интервјуто за ТВ Стар, Спасовски посочи дека институциите треба да го зајакнат системот, превеницијата, контролата, неселктивноста, да профукционира „Сејф сити“ но и да се влијае на јавната свеста.

„Безбедноста во сообраќајот и општата безбедност е обврска на сите нас, и колку повеќе е подигната свеста во однос на сообраќајот толку ќе ни биде подобро. Овие теми не смее да се политизираат. СДСМ има јасен став и ние сме конструктивни и ќе прифатиме се што е добар предлог за да се зајакне системот на безбедност во државата“, рече Спасовски.

И во контекст на хибридните закани Спасовски ги потенцираше различните изјави на ВМРО-ДПМНЕ како власт и како опозиција.

„Јас и моите колеги од СДСМ имавме и тогаш и сега иста реакција. Ова е феномен на кој треба сериозно да пристапат институциите, а граѓаните да почувствуваат дека имаат сигурност од државата. За разлика од нас, тогаш ДПМНЕ одбра да ја напаѓа владата без да изнесува аргументи. Еве на пример, тогаш изјавите на ДПМНЕ беа: Владата не може да обезбеди мир во училиштата. Или Јаневска велеше: Ги повикуваме МВР да си ја работи работата и да ги обезбедува училиштата 24 часа. Денес, кога Јаневска е министерка вели: За дојавите за бомби, училиштата да постават физичко обезбедување. Што значи тоа да постават физичко обезбедување? Тоа треба некој да го плати. Сега ајде ќе ги товараме родителите ли тоа да го платат? Јаневска не треба да ги повикува училиштата за туку нека обезбеди средства во буџетот за да ги покрие тие трошоци. Тоа се случило сега и може да се случи уште 100 пати“, рече Спасовски.

Зачлени се на нашиот е-билтен