На 113 години, почина Роза Жироне, најстарата преживеана жртва на холокаустот во светот


Најстарата преживеана жртва на Холокаустот во светот, Роза Жироне, почина на 113-годишна возраст, објавија израелските медиуми.

Роза е родена во Полска во 1912 година, но со семејството се преселила во Хамбург, каде пораснала и подоцна се омажила, пишува „Џерусалим пост“.

Нејзиниот сопруг бил уапсен во 1939 година и требало да биде испратен во концентрациониот логор Бучевалд, но Роза, која тогаш била бремена во осмиот месец, успеала да обезбеди кинески визи и за себе и за нејзиниот сопруг и истата година побегнале во Шангај, a подоцна се населиле во њујоршката населба Квинс.

Во САД почнала да плете за да заработи за живот, а подоцна отворила продавница за трикотажа во Квинс.

Зачлени се на нашиот е-билтен