Заеднички железнички граничен премин помеѓу Македонија и Србија ќе се гради со грант вреден 2,8 евра од ЕУ

Договорот за грант со кој се обезбедени ЕУР 2,8 милиони од Европската Унија (ЕУ) за изградба на заеднички граничен премин на железничката станица помеѓу Северна Македонија и Србија, беше потпишан денес од страна на Првиот Подпретседател на Владата и Министер за транспорт, господин Николоски, и Претставникот на ЕБОР за Северна Македонија, господин Туркменоглу. Овој грант е комплементарен со претходно обезбедените ЕУР 5 милиони кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и е наменет за финансирање на градежни работи и техничка помош.

Грантот е обезбеден од ЕУ преку Инвестициската програма за Западен Балкан, и ќе се искористи за развој и изградба на првата заедничка железничка станица помеѓу двете земји.

Заедничкиот граничен премин ќе биде во Табановце, на железничкиот  Коридорот 10, како дел од продолжувањето на Транс-Европската транспортна мрежа (ТЕН-Т) кон регионот  на Западен Балкан. Откако ќе биде изграден заедничкиот премин, ќе се подобри ефикасноста, ќе го намали времето на чекање на границата и ќе го олесни патувањето на луѓето и добрата, како и подобрување на регионалната поврзаност и интеграцијата на Коридор 10.

Неговата Екселенција господин Михалис Рокас, Амбасадор на Европска Унија во Северна Македонија изјави дека ,,Со грантот од ЕУР 2,8 милиони, ЕУ директно ги поддржува напорите за надградба на железичкиот систем на Коридор 10 и ја подобрува регионалната поврзаност. Со овој проект, се залагаме за надминување на пречките кои се создаваат со границите, трансформирајќи ги во можности за побрзо поврзување со ЕУ. И ова не е сė. Со новата Програма за Раст и реформа, ЕУ ја поддржува регионалната поврзаност, овозможувајќи нејзино зајакнување.”

,, Со овој заеднички железнички премин помеѓу Македонија и Србија ќе ја подобриме комуникацијата помеѓу двете држави, и ќе имаме една точка на премин за патничкиот и железничкиот сообраќај.  Се надевам дека ова ќе биде вовед кон повторно воспоставување на редовна патничка железничка линија помеѓу Скопје и Белград, за што ќе бидат потребни напори и од двете страни. Проект е вреден 7,4 милиони евра во градежниот дел и 250.000 евра во делот на консултантски услуги и надзор. Коридорот 10 е главниот економски крвоток на државата и неговата изградба ќе го забрза движењето на добра и стоки за увоз и извоз кон Европа што ќе резултира во нови работни места, зголемена економска активност и побрз транзит на патници и стока низ државата, што ќе ја направи уште поатрактивна” , истакна Заменик Претседателот на Владата Николоски.

Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР во земјата изјави: ,,Овој проект е резултат на  долгогодишните напори и координација помеѓу ЕБОР, ЕУ, македонските и српските власти, да ја подобрат регионалната соработка и поврзување во регионот, и горди сме што сме дел од него. ЕБОР континуирано ја поддржува земјата во подобрувањето на транспортните врски во земјата и регионот, и досега имаме инвестирано над ЕУР 340 милиони само во железничкиот сектор. ”

Оваа инвестиција вклучува надградба на постоечките згради на железничката станица и изградба на нови високо енергетски згради со пропратна опрема. Новите капацитети ќе се споделуваат помеѓу вработените од двете земји, а ќе помогнат и во оптимизација на граничните и царинските контролни процедури. Со овие активности, ќе се овозможи побрзо и поефикасно работењето помеѓу различните ентитети на станицата. Инвестицијата ќе придонесе на подобрена енергетска ефикасност, преку зајакнати мерки на ефикасност во зградите, и преку инсталирање на фотоволтаичните панели.

Проектот е еден од клучните приоритети за државата и е дел од агендата за поврзување на Европската Комисија за Западен Балкан.

ЕБОР е мултилатерална банка која го промовира развојот на приватниот сектор и предприемачката иницијатива во земји во 36 економии долж три континенти. Банката е во сопственост на 74 земји, како и ЕУ и ЕИБ. Инвестициите на ЕБОР се насочени кон поттикнување на економиите во регионот кон поголема конкурентност, инклузивност, добро управување, еколошка одржливост, отпорност и интегрираност.

Зачлени се на нашиот е-билтен