Филмската продукција „Кино Око“, соопшти дека заврши снимањето на долгометражниот игран филм „ЈУГОСЛАВИЈА, МОЈАТА ТАТКОВИНА“ (JUGOSLAVIJA, MOJA DEŽELA), по сценарио и во режија на Горан Војновиќ и Александар Поповски. Филмот е во продукција на Арсмедиа од Словенија, а македонски копродуцент е Кино Око.
„Луѓето се сеќаваат. Тоа е нивното најголемо проклетство.“, вели еден од ликовите во книгата „Југославија, моја татковина“ напишана од Горан Војновиќ според која е снимен филмот.
Владан Боројевиќ, триесетгодишен доцент на Факултетот за уметности, живее мирно со девојката Надја сè додека на една фотографија не здогледа војник кој личи на неговиот покоен татко.

Филмот се снимаше во Словенија, Хрватска, Австрија, Босна и Херцеговина и Србија. Продуцент на филмот е Боштјан Иковиќ (Арсмедиа), а македонски копродуцент Роберт Насков (Кино Око). Директор на фотографија е Милош Срдиќ, сценограф Наташа Рогељ, костимограф Јелена Проковиќ, маскер Горан Игњатовски, композитор Кирил Џајковски, монтажер Александар Станоjевиќ а дизајнер на звук Боштјан Качичник.
Главните улоги ги толкуваат Матевж Слуга, Клара Кук, Наташа Барбара Грачнер, Игор Самобор, Драган Мичановиќ, Зоран Цвијановиќ, Изудин Бајровиќ и други регионални актери.
Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

