Столе Наумов: Вучиќ ќе доживее пораз и на претседателските избори, не требаше да се обложува на Трамп

Наумов

Во разговор за Рацин.мк, искусниот новинар и политички аналитичар, уредник во Раддио Канал 77, Столе Наумов, за постизборната ситуација во Србија вели дека е разбирливо и очекувано Вучиќ да биде максимално активен и присутен за да ја задржи мобилна и компактна неговата екипа да не почне веднаш да „прескаче“ ограду и да пее и во старт да внесе семе на сомнеж во способноста и намерите на студентите. Но факт е дека студентите две години и покрај сите притисоци беа хомогени, компакти и конзистентни и зошто тоа не би биле и на власт, вели Наумов.

„Факт е дека имаат стотина луѓе од интелектуалниот крем на знаење и мудрост и животен успех и искуство  кој може да ја менаџира власта и без полтичко искуство. Недостатокот на политичкото искуство впрочем, особено во нашето балканско политичко миље е предност. Политичките елити го користеа искуството себично за свои потреби, интриги, византиски игри со цел како да останат на власт и да ги наполнат џебовите наместо да работат за доброто на граѓаните. Сега треба да се очекува поголема искреност, чесност, решителност и меѓусебна контрола, договарање и транспарентност по хоризонтала наместо вождовската вертикала од која зависеше и животот и смртта“, укажува искусниот новинар.

Наумов проценува дека Вучиќ нема што да бара и на претседателски избори во Србија кои треба да се одржат наскоро.

„Консолидацијата на студентската власт ќе се зацвврсти ако почнат решително да ги реализираат приоритетите од програмските документи, борба против корупцијата, потекло на имот и независни судии и обвинители. Секако и меѓународната заедница пред се ЕУ, ќе биде ветерот во грб со одредени економски и политички поволности и награди за преговорите кон Брисел, но и за комуникацијата и односите со Косово.

Оценката на Столе Наумов е дека победата на студентите во Србија е историска не само за Србија туку и за целиот свет.

„Ова е нова политичка парадигма која им се заканува на партиите, на сегашните политички модели и структури и покажува дека слободата, граѓанската иницијатива и активитет можат да бидат посилни од нив. Партиите за децата, новите генерации се неатрактивни, демодирани и затворени системи, клиентелистички и групи кои се грижат само за сопствениот интерес и профит. Студентите од Србија се рефлектираат како идеја и модел веќе и во Албанија, а не треба да се заборават и протестите на новите генерации претходно и во Романија и Бугарија. А којзнае, можеби слична политичка судбина ја чека и Франција со масовните ученички протести“, смета Наумов. На крајот од разговорот за Рацин.мк, тој вели дека „патем речено, се чини дека  најдобриот совет што може да го добие политичар на Балканот, но и пошироко е – Не се обложувај на Трамп“.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?