Заканата на Канада го премисли Трамп, се откажа за дупло да ги зголеми царините кон оваа земја

Заканата на претседателот Доналд Трамп во вторникот дека ќе ги удвои планираните тарифи за челик и алуминиум за Канада од 25% на 50% ја поттикна провинциската влада на Онтарио да ги прекине планираните доплати на електричната енергија што се извезува во САД.

Како резултат на тоа, советникот за трговија во Белата куќа, Питер Наваро, соопшти дека американскиот претседател се повлече од удвојувањето на царините за челик и алуминиум, иако федералната влада сè уште планира да воведе царина од 25 отсто за целиот увоз на челик и алуминиум почнувајќи од среда.

Најаваите на Трамп ја зголемија загриженоста за царините што ги потресоа берзите и го зголемија ризикот од рецесија. Оваа најнова ескалација и деескалација во трговската војна меѓу САД и Канада дополнително ја зголеми неизвесноста за тоа како зголемувањето на царините на Трамп ќе влијае на економиите на двете земји, пишува АП.

Зачлени се на нашиот е-билтен