СДСМ: До кога ќе молчи јавното обвинителство за тендерските шеми на ДПМНЕ?

Во соопштение до медиумите денеска СДСМ јавно прашува: До кога Јавното обвинителство ќе молчи за тендерските шеми и скандали на ДПМНЕ? 

За опозициската партија, случаите со милионските зделки на општините и институциите под нивна контрола, како и договорите склучени само со едни исти омилени форми, кои најчесто ги добиваат тендерите и се јавуваат како единствени понудувачи е основен сомнеж за корупција.

СДСМ објави документи и факти дека една фирма, преку неколку општини и институции во последните 3 години има добиено тендери вредни над 4,5 милиони евра. 

Претходно оваа пафртија објавии документи и факти за друга фирма омилена на власта, која во четири години добила 50 тина тендери вредни 10 милиони евра, речиси сите од општини под контрола на ДПМНЕ.

Од СДСМ прашуваат:

Како е можно едни исти фирми да бидат победнци на толку многу тендери во општини и институции кои ги води ДПМНЕ?

СДСМ бара итна реакција од надлежните органи. ЈО мора да постапи, а јавноста заслужува одговори – кој профитира од овие сомнителни тендери? 

Патијата смета дека тишината на институциите е соучесништво, и дека граѓаните гледаат и одговорност мора да има

Зачлени се на нашиот е-билтен