Родителите не даваат телата на децата да се носат на обдукција во Скопје – Цел свет разбра зошто умреа, не ги даваме


Дел од родителите кои ги загубија своите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани не даваат безживотните тела на нивните блиски да бидат однесени во Скопје на обдукција.

Во Општата болница во Кочани пристигнаа триесетина возила од погребни претпријатија и од Армијата на Република Македонија и тие треба да ги транспортираат телата на загинатите.

– Само Мицкоски нека дојде, деца нема да се носат. Цел свет разбра зошто умреа и како умреа. Што ќе седиме уште тука? Децата не ги даваме – револтирано реагираат родителите, кои направија жив штит пред влезот на болницата.

Пред болницата има засилено полициско присуство, а присутна е и обвинителка од Скопје која на родителите им ја објаснува законската процедура и потребата од дополнителната обдукција.


Во меѓувреме, неколкумина родители заминаа на разговор со претставници од надлежните институции со цел да најдат заедничко решение и договор за понатамошните постапки.

Претходно, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека мора да се изврши обдукација на секое починато лице.

– Починати лица има во повеќе болници. По идентификацијата ќе бидат однесени на одбукција во Скопје – рече тој.

Во Општата болница во Кочани веќе пристигнаа триесетина возила од погребните претпријатија и од АРМ, кои треба да ги транспортираат телата на загинатите на обдукција во Скопје.

Зачлени се на нашиот е-билтен