Пранешниот лидер на средошколската младина и активен извршен директор на Форумот за образовни промени Бленди Ходајм непосредно пред почетокот на заедничкиот час на студентите на УКИМ за да изразат почит на жртвите во пожарот во Кочани и за поддршка на нивните семејства, порача „Доста со неказнивост! Време е за одговорност, за вистинска правда, за силен удар врз криминалниот систем!“.
Во објавата на социјалните мрежи тој посочува дека се соочуваат со „систем кој не нѐ штити, туку убива. Каде што криминалците управуваат, а чесните страдаат. Каде што судиите и обвинителите не го спроведуваат законот, туку го продаваат. Каде што децата на судиите, министрите и олигарсите се забавуваат во Амстердам и Барселона, додека нашите млади горат во шупи-дискотеки, умираат на небезбедни патишта и болници што стануваат гробови“.
„Ова не е само борба за сите жртви во изминатите години – ова е борба против системот што нѐ предаде, што нѐ остави незаштитени, што се обиде да нѐ замолчи. Но нема молк повеќе“, се нагласува во објавата на Бленди Ходај. „Ова не е само борба за минатото туку и за иднината. Ќе нѐ слушнат. Ќе нѐ видат. Ќе нѐ почуствуваат“, порачува тој.