Рускиот претседател Владимир Путин бара суспендирање на сите испораки на оружје за Украина за време на прекинот на огнот предложен од американскиот колега Доналд Трамп, велат луѓе добро информирани за ова прашање, пренесува Блумберг.
Двајцата лидери денеска треба телефонски да разговараат за завршување на војната во Украина, откако претходно ќе се постигне договор за 30-дневното примирје за кое Киев веќе изјави дека е подготвен да го прифати.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека повикот се очекува да започне во терминот помеѓу 16 часот 18 часот по московско време.