Втор студентски час: Во тишина за жртвите од трагедијата во Кочани

Студентите денес повторно се собраа кај кампусот на техничките факултети во знак на почит кон жртвите од трагичниот пожар во Кочани. За разлика од вчерашниот собир, овојпат немаше говори, ниту политичари – само седумминутен молк во тишина.

Настанот привлече неколку стотини студенти од различни факултети, кои мирно и достоинствено се обединија во солидарност. Иако полицијата не беше присутна, обезбедувањето околу кампусот беше засилено со приватни служби.

Претседателот на Универзитетското студентско собрание (УСС), Александар Николовски, беше меѓу присутните, но одби да даде изјава за медиумите.

Со овој собир, студентите уште еднаш испратија силна порака на сочувство и заедништво, оддавајќи почит кон настраданите и нивните семејства.

Зачлени се на нашиот е-билтен