Министерката Јаневска го узурпирала заедничкиот час на студентите на УКИМ

– Министерката од наша страна не беше поканета да присуствува, ниту да одржи говор. Нејзиниот говор, самото одржување, како и неговата содржина не беа во агендата на одвивање на настанот. Нашата одлука, за која што со мнозинство се изгласа на состанокот на 16.03, беше само двеминутно обраќање на ректорката во знак на солидарност и изразување сочувство, рекоа Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Од од УСС-УКИМ соопштија дека нема да се организираат големи собири, како што првично беше најавено, а активностите за искажување почит кон загинатите во Кочани ќе се организираат на ниво на факултети.

– Со цел да не се создаваат поголеми гужви во моменти кога медицинската помош и полицијата се најпотребни на други локации, големи собири по кампуси нема да се организираат, како што беше првично планирано. Активностите за искажување на почит и сочувство ќе можат да се организираат на ниво на факултети, по иницијатива на факултетските студентски собранија, а УСС-УКИМ ќе понуди логистичка помош, се наведува во соопштението од УСС-УКИМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен