Адвокатот Маријан Витановски го повлече полномошното за застапување на првоосомничениот Љупчо Палевски, со што тој останува само со бранителот Јовица Страшевски. Одлуката на адвокатот ја соопшти судијата Ивица Стефановски.
Во Кривичниот суд денес продолжува рочиштето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, при што се очекува испитување на осомничениот Велибор Манев.