Таравари: Првите 72 критични часа поминаа без нови жртви

Министерот за здравство, Арбен Таравари, соопшти дека првите 72 критични часа по трагедијата поминаа без нови смртни случаи.

„Нема починати меѓу оние кои ја преживеаја несреќата. Се надевам дека сите пациенти ќе закрепнат и дека наскоро ќе зборуваме за нивното враќање дома“, изјави Таравари на денешната прес-конференција.

Тој ги презентираше најновите податоци за состојбата на повредените. Во македонските државни болници се лекуваат 64 пациенти, во приватните 13, додека 101 лице е пренесено на лекување во странство. Според министерот, сите се во релативно стабилна состојба.

Таравари најави дека денес ќе се реализира и последниот трансфер на повредени во странство – пет пациенти ќе бидат пренесени, од кои двајца во Шведска.

Зачлени се на нашиот е-билтен