Голем пожар на земјоделски површини во близина на Струмица

Локалните медиуми од Струмица доцна попладнево денеска јавуваат за голем пожар кај Струмица во реонот меѓу Софилари, Градски гробишта, Баница. Велат “гори на три страни и дека ветерот го разгорува пожарот.

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов со реакцијата на социјалните мрежи ја потрвди оваа информација и соопштио дека сите капацитети на ТППЕ Струмица се на терен/

„Овие луѓе до последна капка крв и пот даваат се од себе, да одговорат на над 10 свесно запалени земјодлески површини во еден ден. Во денови на жалост,жалиме сите и пожарникарите и инспекторите и сите ние како граѓани, зарем е ова човечки, што уште треба да дадат овие наши пожарникари и инспектори?“, реагираше Костадинов.

Тој апелира инспекторатот за земјоделство да соработува и да излезе веднаш на терен.

Од видеото што го објави „Струмица денес“, се гледа долгата линија на пожарот и дека во близина има куќи.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?