Муцунски: Не сум лекар, но ќе направам се за да им се помогне на повредените и во рехабилитацијата, наредната недела дел од пациентите ќе се вратат дома

„Имаме најава од надворешните медицинските центри кои комуницираат и со нашите ДКП и со здравствените власти во државата дека дел од пациентите веќе наредната недела ќе се вратат во државата, рече министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Тој информираше дека вкупно 116 пациенти се хоспитализирани во 14 држави, од кои за 38 лица медицинската грижа е обезбедена преку Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, активиран веднаш по несреќата од страна на Владата на Република Северна Македонија.

Министерот изрази посебна благодарност за брзата и ефикасна реакција на Кризниот штаб во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, кој во координација со дипломатските мисии и сите надлежни институции овозможи транспорт на пациентите до странски болници во најкус можен рок и според највисоките медицински стандарди.

Според податоците што беа презентирани, во Србија се лекуваат 31 пациент, во Бугарија 15, во Турција и Грција по 12, во Шпанија 7, во Австрија и Унгарија по 6, во Хрватска 5, а по 4 пациенти се згрижени во Белгија, Литванија, Италија, Словенија и Шведска. Во Полска се лекуваат 2 пациенти. Дополнително, Чешка и Израел испратија медицински тимови, а Романија, Луксембург, Норвешка и Финска обезбедија логистичка поддршка за транспортот на повредените.

Трошоците за лекувањето на пациентите се покриени од страна на државите-домаќини, додека Владата на Република Северна Македонија ги покрива сите трошоци за пат, сместување и логистика за семејствата. Министерството, преку своите дипломатско-конзуларни претставништва, е во постојана комуникација со семејствата и со надлежните здравствени институции во странство, а дежурните телефонски броеви на Министерството и Службата за општи и заеднички работи остануваат достапни за сите потреби и информации.

„Во овие моменти на длабока тага, наша обврска е да останеме целосно посветени, одговорни и хумани – насочени кон поддршка на семејствата на починатите и на повредените. Подготвени сме да продолжиме со иста решителност и ангажман во обезбедувањето на брза, ефикасна и достоинствена здравствена грижа“, рече министерот.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?