Ивон Величковски во објава на социјалните мрежи истакна дека не минуваат обидите на ВМРО-ДПМНЕ целата вина за трагедијата во Кочани да ја сведе на одговорност на екс министерот за економија Крешник Бектеши.
Величковски потсетува дека „Пулс“ функционирала од 2012 година и дека оттогаш многу носители на функции и многу институциии имаат одговорност за минатонеделната трагедија.
„Според оваа правна „логика“, проблем е „лиценцата“, дури и да не е фалсикувана – а не проблематичните документи врз основа на кои лиценцата по закон мора да биде издадена?! Министри, премиери, пратеници, директори… – објектот бил пломбиран и фирмата што го раководи има блокирана сметка – а до неделата работеа, „правеа пари“ и посеаја смрт. Толериран од претходни функционери – но пред очи на актуелни раководители во МВР, УЈП, ДПИ…
Да заклучиме:
- Не минува обидот „да му ја префрлиме вината на Шиптарот“, поддржан со операцијата „огномети во Скопје“.
- Не минува ниту конструкцијата „правната празнина“ да биде алиби за полициските, даночните, пазарните… инспектори и општинските раководители да се извлечат од одговорноста.
Пи-аР-от на ВМРО-ДПМНЕ и партиите од владејачката коалиција „да ја контролираат штетата“ нема да го запре барањето за одговорност и владеење на правото на нацијата. - Молкот на СДСМ и неговите собраниски коалиционери за малциско партнерство во „стивнување на гневот“ нема да го продолжи југословенскиот однос на Системските македонци кон Македонците и Албанците: сега преку етничко таргетирање на ДУИ, претходно ДПА, пред неа ПДП… како „извор на проблемот“.
- Да, поделени сме: на една страна вие – узурпаторите на системот, на друга страна ние – репресирани од државата што не убива со невладеење на правото. Не по етничка линија, како што посакувате, туку по линија на борбата со криминалот и корупцијата креирани од вас. Односно од тајкунеријата во чија сопственост сте“, пишува Величковски.