Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски: За нас ФРОНТЕКС значи навремен одговор за сите безбедносни ризици по нашата земја

Премиерот, Димитар Ковачевски, денеска се обрати на свеченото одбележување на почетокот на „Заедничката операција на ФРОНТЕКС во Република Северна Македонија”, како дел од договорот за оперативни активности спроведени од страна на Aгенцијата за европска гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС.

„Горди сме како нација што овој Договор е прв потпишан договор со Европската унија, на македонски јазик, без додавки, фусноти и ѕвездички, што е доказ за заштита на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, коишто, со овој документ, се поставени на европско рамниште, заедно со сите други јазици и идентитети на земјите членки на ЕУ.

Во оваа прилика сакам да го поздравам и штотуку пристигна вицепремиерот за европски прашања г- динот Маричиќ, тоа што тој го зборуваше минатата година во јули заедно со мене, заедно со министерот за надворешни работи, се потврди дека било вистина и дека договорот ФРОНТЕКС и ќе биде потпишан и ќе биде имплементиран. Останува на оние кои што критикуваа, кои што фрлаа молотови коктели врз Собранието, врз Владата, врз МНР, во најмала рака на него и на министерот за надворешни работи да им се извинат.

Со потпишувањето на Договорот со ФРОНТЕКС и неговата ратификација, статусот на македонскиот стандарден јазик се издигнува на рамноправно рамниште со сите други јазици кои се зборуваат во Европската унија, а нашата култура, јазик и идентитет, се признати и препознаени и во меѓународни рамки. На овој начин, македонскиот јазик и идентитет се неприкосновени и втемелени во европското законодавство.

За нас ФРОНТЕКС значи заштита на нашите граници, значи заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на нашата држава, значи навремен одговор за сите безбедносни ризици по нашата земја, значи безбедност и мирен сон за нашите деца, значи контрола на миграциските движења, значи справување со меѓународниот криминал, значи признавање на нашите цврсти заложби за зачувување и промовирање на македонскиот јазик на нашиот евроинтеграциски пат, значи можности за примена на професионални европски стандарди и зачувување на меѓународниот мир и безбедност“, вели Ковачевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново