[Видео] Д-р Врчаковски: Ако сте најголем пријател на пријателот не го примајте преку ред. Никогаш!

Истакнатиот радиолог проф. д-р Миодраг Врчаковски, го искористи времето, откако ја завршив со својата работа и откако ги прегледа сите пациенти, сними видео порака за да каже кога се прават најголемите дијагностички „утки“.

„Најголемите дијагностички пропусти, верувале или не, се прават кај пријателите“, истакнува Врчаковски и објаснува со што се соочува тој кога доаѓа пријател и вели „Ејјј, докторе морам итно да направам магнет, дај пушти ме преку ред, најди ми термин, ти си ми пријател“

„За да го постигна тоа, да го пикнам преку ред, морам да кратам од претходниот преглед, морам да кратам од следниот преглед. Морам, едноставно, да ги модифицирам секвенците што се потребни за да ги сведам на минимум за да можам да си ја извршам задачата. Ка-та-стро-фа!“, објаснува д-р Врчаковски.

Ниту еден доктор не треба да наседнува на тие трикови, потенцира познатиот радиолог, и инсистира на тоа дека регледите мораат да вршат по стандарди.

„Ако сте му најголем пријател на пријателот не го примајте преку ред. Никогаш. Никогаш!“, нагласува докторот и порачува:

„Ако сте ми пријатели, не ми барајте снимање преку ред. Закажете си го прегледот и ќе видите колку достоинствено и навистина ќе бидете прегледани. Најголем пријател на вашиот пријател како доктор ќе бидете тогаш кога пријателот ќе го прегледате во терминот што вие ќе го закажете. Не веднаш, туку тогаш кога е тоа најдобро и за него и за вас“.

Зачлени се на нашиот е-билтен