Кина: Новите царини на Трамп се закана за глобалната економија

Кина оцени дека воведувањето на царини од 25 отсто на увозот на автомобили, што го наложи американскиот претседател Доналд Трамп, „нема да ѝ помогне на САД да ги реши своите проблеми“, јавуваат кинеските државни медиуми.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиџјакун, го изнесе овој став на редовна прес-конференција, повикувајќи ги САД да се откажат од воведувањето нови тарифи.

– Забележавме дека главните трговски партнери на САД веќе реагираа, изјави Гуо, откако Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се воведуваат 25-процентни царини на увозот на странски автомобили и лесни камиони, продолжувајќи ја својата политика на зголемување на увозните такси.

– Во трговските и царинските војни нема победници, а ниту една земја не може да постигне развој и просперитет со наметнување на царини, додаде портпаролот.

Гуо истакна дека американската одлука ги крши правилата на Светската трговска организација (СТО), го поткопува мултилатералниот трговски систем и ги загрозува глобалните економски интереси. 

Зачлени се на нашиот е-билтен