Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Избори на северот на Косово: Од криза во криза

Малку е веројатно дека вонредните избори во општините на северот на Косово, одржани во неделата, ќе ги поместат работите од мртва точка во време кога сеопфатната нормализација меѓу Косово и Србија оди доста тешко, и покрај силниот притисок од Западот.

Вонредните избори за началници на општините Сјеверна Митровица, Зубин Поток, Лепосавиќ и Звечан и за собранијата на Звечан и Лепосавиќ се одржуваат затоа што претставниците на Србите ги напуштија институциите на Косово, вклучително и институциите на локалната власт, на 5 ноември минатата година. Тоа беше реакција на потегот на владата на Албин Курти во Приштина, која нареди пререгистрација на возилата со регистарски таблички кои за градовите во Косово ги издава Србија. Главно се работи за таблички КМ (Косовска Митровица) и планот е тие да се префрлат на РКС (Република Косово).

Претставниците на Српската листа, водечката политичка партија на Србите во Косово, претходно најавија дека нема да учествуваат на вонредните избори, бидејќи не се исполнети барањата поради кои тие ги напуштаат институциите. Покрај повлекувањето на одлуката за пререгистрација на возилата со српски регистарски таблички, Српската листа бара формирање на Заедница на српски општини (ЗСО) на север. Владата во Приштина го отфрла ЗСО, плашејќи се дека таквата заедница може да предизвика блокади како оние предизвикани од ентитетот на Република Српска во Босна и Херцеговина.

„Изборите ќе бидат легитимни“

Иако и Српска листа и официјален Белград, кој ја поддржува таа политичка партија на Србите на Косово, ја доведуваат во прашање легитимноста на неделните избори – српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека владата што ќе се формира на северот на Косово по изборите нема да има легитимитет. Новинарката Милица Андриќ Ракиќ вели дека избраните градоначалници, веројатно Албанци, ќе имаат легитимитет, бидејќи нема долна граница за излезност во која изборите би се сметале за нелегитимни. Сепак, таа смета дека суштинската моќ на избраните началници да ги извршуваат своите овластувања ќе биде многу ограничена, па дури и отсечена. Според законот за локална самоуправа на Косово, можно е да се покренат референдуми за разрешување на градоначалници и началници.

„Собирањето потписи за такво нешто, доколку е потребно, нема да биде премногу комплицирано за Српска листа“, изјави Андриќ Ракиќ за Ал Џезира. „Во Лепосавиќ, една од четирите општини, можно е да се изберат српски претставници, додека во Звечан се многу ограничени можностите српскиот кандидат да ги победи албанските кандидати.

Додека професорот на Факултетот за политички науки во Приштина, Неџмедин Спахиу, очекува дека изборите на север дополнително ќе ги нарушат односите меѓу Србија и Косово, а во случај на поголема излезност на Србите на изборите, стравува од насилство, Андриќ Ракиќ мисли поинаку.

Охрабрувачки е тоа што изборите се поддржани од Соединетите Американски Држави“, изјави Спахиу за Ал Џезира.

Андриќ Ракиќ вели дека „и покрај оптимизмот на посредникот“ во однос на преговорите меѓу Србија и Косово, во моментов ништо не се случува, па затоа изборите за нови градоначалници не можат негативно да се одразат на односите меѓу двете страни.

„Единственото нешто што [изборите] може да го сменат е исходот од средбата закажана за 2 мај кога се очекува дискусија за статусот на заедницата на српските општини“, смета Андриќ Ракиќ. Доколку на почетокот на мај се направи чекор кој води кон нормализација и се исполнат условите за учество на српските партии на изборите, пред се формирање на заедница на српски општини, таа верува дека ќе се организираат нови избори.

Европскиот план за Србија и Косово

Србија и Косово на 27 февруари во Брисел се согласија за европскиот предлог за нормализација на односите, а потоа го потврдија на 18 март во Охрид. Преговорите меѓу двете страни за влез во Европската Унија зависат од реализацијата на овој договор, кој вклучува меѓусебно признавање на документи и национални симболи, вклучувајќи пасоши, дипломи, регистарски таблички и царински печати, како и формирање Заедница на српски општини во Косово. .

Официјален Брисел, со поддршка на САД, нагласува дека понудениот план треба да стане правно обврзувачки за Србија и Косово, но двете страни различно ги толкуваат преземените обврски.

Последна во низата состаноци беше техничкиот дијалог на 4 април во Брисел, каде беше постигнат скромен напредок во однос на усогласување на потрагата по исчезнатите лица. (МИА / Ал Џезира Балкан – Сараево)

Зачлени се на нашиот е-билтен