Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси попладнево пристигна во Техеран на разговори со иранските лидери во врска со нуклеарната програма на земјата, јавија локалните медиуми.
Гроси „пристигна во Техеран на чело на техничка делегација за да се сретне со иранските власти“, објави локалната новинска агенција.
Тој „ќе се сретне вечер со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, а утре со шефот на Организацијата за атомска енергија на Иран, Мохамад Ислами“, посочува агенцијата.
Иран „не е далеку“ од создавање атомска бомба, предупреди Гроси во интервју објавено денеска за весникот „Монд“, неколку часа пред неговата посета на Техеран.