Не може да се преброи – Каков имот пријавил Мило Ѓукановиќ

Тешко е да се преброи сè што поседува поранешниот претседател на Црна Гора и почесен лидер на Демократската партија на социјалистите, Мило Ѓукановиќ.

Во годишниот извештај што го поднел до Агенцијата за спречување на корупција (ASK) по престанокот на функцијата, наведува дека поседува четири станови и уште по една третина од четири стамбени единици, преку 100.000 квадратни метри различни недвижности – шуми, ливади, пасишта, како и 35.610 евра на сметка, како и дел од две фирми…

Според Законот, претседателот има примања од 1.808 евра месечно.

Становите што ги поседува имаат површина од 170, 106, 47 и 73 квадратни метри, додека третините на стамбените единици имаат 40, 31, 160 и 49 квадратни метри.

„Агенцијата пријавила дека има сопственост над повеќе шуми, чија вкупна површина е 90.854 квадратни метри. Покрај тоа, поседува и пасишта со површина од 6.607 квадратни метри, 5.845 квадратни метри неземјоделско земјиште и 2.938 квадратни метри ливади. Ѓукановиќ поседува и парцела под стамбената зграда од 290 квадратни метри, овоштарник од 840 и помошна зграда од 270 квадратни метри. Има и подрум од два квадратни метра и три ненаселени простори од 70, 168 и 42 квадратни метри. Поседува и гаража како дел од зграда од 81 квадрат и уште еден гаражен простор од 12 квадратни метри“, пишува „Дан“.

За поголемиот дел од недвижностите пријавил дека ги стекнал наследно или разменувајќи, а дел и со купување. Недвижности стекнувал од 1991. до 2023. година.

Поранешниот претседател на државата пријавил дека поседува 5.000 акции на „Еурофонд“, а во фирмата „Универзитас“ има 25% удел. Исто така, е сопственик на 50% од фирмата „Глобал Црна Гора“. Ѓукановиќ доставил податоци за повеќе недвижности кои се во сопственост на неговата фирма „Универзитас“, кои се наоѓаат во населбата Долна Горца во Подгорица, но не ги навел конкретните недвижности и нивната површина.

Неговата сопруга, Лидија, е посиромашна. Нејзината плата во минатата година се движела од 1.089 до 1.706 евра. Сопственичка е на стан од 85 квадратни метри, помошна зграда од 12 квадратни метри и дворно место од 500 квадратни метри, 121 квадрат земјиште под семејната стамбена зграда, ливада од 157 квадратни метри и 16,67% од шума со површина од 2.411 квадратни метри. На нејзино име се води и „ауди A3“ од 2006 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен